Обожавателите на „Пријатели“ сакаат сцената која безмалку ја предвиде смртта на Метју Пери да биде отстранета од серијата.
Веста за смртта на актерот Метју Пери особено ги растажи фановите на серијата „Пријатели“ во која тој го отелотвори за многумина омилениот Чендлер Бинг.
За потсетување, Пери почина на 28 октомври на 54-годишна возраст. Безживотното тело на актерот било пронајдено во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес, а точната причина за смртта сè уште не е позната.
Поради околностите во кои почина, на социјалните мрежи сега се прошири една сцена од „Пријатели“, која изгледа прилично морничаво по смртта на Метју, а фановите апелираат да ја исфрлат од серијата.
Станува збор за сцена од петтата епизода од седмата сезона на серијата, која носи назив „The One With The Engagement Picture“ и за првпат била прикажана во 2000 година.
Во спорната сцена, Чендлер и неговата свршеница Моника Гелер (Кортни Кокс) се фотографираат како би ја најавиле својата венчавка, при што нему му е тешко природно да се насмее.
„Што не е во ред со твојата „фаца“? Оваа фотографија треба да каже дека Гелер и Бинг ќе се венчаат, а не дека локална жена спасила кретен кој се дави во вода“, му вели Моника на Чендлер. Фотографот почнува да се смее на тоа, што ќе ја изнервира Моника и таа му вели: „Еј, немој да му се смееш! Тој е мојот кретен давеник.“
@taylorkierce999 RIP Chandler BING 😭🙏🏼 #ripchandlerbing #chandlerbing #matthewperry #restinpeace #friendsreunion #breakingnews ♬ I’ll Be There for You (TV Version with Dialogue) – The Rembrandts
„Оваа сцена изгледа лошо по веста за причината за неговата смрт“, „Може ли оваа сцена да биде поморничава?“, „Мора да ја исфрлат оваа сцена од серијата. Практично ја предвидоа иднината“, се само дел од коментарите на вознемирените обожаватели.
Метју Пери го играше Чендлер во сите 10 сезони од серијата која се снимаше од 1994 до 2004 година, а популарна е и денес.