Македонската триатлон федерација го претстави своето ново инспиративно видео, кое ја истакнува важноста и улогата на жените во триатлонот – од спортистки и судијки до тренерки и раководни фигури.
-Ова видео ја слави нивната сила, истрајност, посветеност и лидерство, со цел да ги мотивира поголем број на девојки и жени да станат дел од триатлонската заедница.
Триатлонот е уникатен предизвик кој бара физичка издржливост и ментална сила, но истовремено нуди и извонредна можност за личен раст и постигнување.
Триатлонот е повеќе од спорт – тој е простор за развој, лидерство и инспирација. Со ова видео, сакаме да ги охрабриме девојките и жените да ја препознаат својата моќ и да станат активен дел од нашата заедница, велат од Македонската триатлон федерација.
Федерацијата, исто така, истакнува дека жените и девојките се значително помалку застапени од мажите, што е дополнителна причина да им се даде заслужениот медиумски простор и да се поддржи нивната видливост и учество. (МИА)