Македонија буџет 2025

Кузманоска: Средствата за програмата „Детска заштита“ ќе се зголеми за 460 милиони денари за нови проекти

Пензионерите ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите во износ од 2500 денари и заедно со претходното во октомври, 338.000 пензионери ќе добијат историски највисоко покачување од вкупно 5000 денари. Со ова, минималните пензии ќе се зголемат за 36%, а просечната пензија за цели 25%.

Кузманоска: Средствата за програмата „Детска заштита“ ќе се зголеми за 460 милиони денари за нови проекти

Социјалната заштита има најголем удел во распределбата на буџетски средства за 2025, и тоа за цели 16,5 милијарди денари повеќе, во однос на 2024та. Јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи се грижи за најранливите граѓани, за оние на кои најмногу им е потребно, изјави Биљана Кузманоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се грижиме за најмладите. Со буџетот за идната година, на Министерството за социјална политика, демографија и млади, средствата за програмата „Детска заштита“ ќе им се зголеми за 17%, односно 460 милиони денари повеќе за нови проекти. Додека пак ставката 482, наречена „Други градежни објекти“ има зголемување за фрапантни 1570%.

Ова значи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гради нови градинки. Ова значи дека се грижиме за семејствата, потенцира во изјавата.

„Се грижиме и за највозрасните преку проектирање на зголемена ставка за пензии од дури 16,6 проценти. Во денари, тоа е предвидено зголемување за дури 15 милијарди повеќе од годинава.

Наредната година и пензионерите ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите во износ од 2500 денари и заедно со претходното во октомври, 338.000 пензионери ќе добијат историски највисоко покачување од вкупно 5000 денари. Со ова, минималните пензии ќе се зголемат за 36%, а просечната пензија за цели 25%“, нотираше во изјавата Биљана Кузманоска.

-Се грижиме и за болните, за лицата со инвалидитет, како и за сите оние кои имаат потреба од социјална заштита, со досега рекордни средства за поддршка од државниот буџет, изјави Кузманоска.

Најнови вести од Македонија

To top