Македонија

Петкоска: Пресреќна сум што СДС се конечно креативни со амандмани за развој на туризмот, а не како додека беа на власт и оставаа само „трошки“

Петкоска: Пресреќна сум што СДС се конечно креативни со амандмани за развој на туризмот, а не како додека беа на власт и оставаа само „трошки“

Многу сум позитивно изненадена колега Митревски. Значи вие коишто седум години, токму на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и кратевте средства, трошки остававте за развој на туризмот, денес поднесувате амандман за велосипедска патека“, вели Лидија Петкоска, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денешната амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година во рамките на Комисијата за финансирање и буџет.

Петкоска е пресреќна што опозицијата после цели седум години власт се конечно креативни и се потрудиле да осмислат амандман за изградба на велосипедски патеки на планината Јабланица и што после седум години им текнува да помислат на туризмот и проекти во насока на развој на истиот.

„Само се прашувам, зошто оваа креативна идеја не му ја предложивте на вашиот градоначалник Рамиз Мерко, па уредно да си аплицираше со проект и да си извлечеше средства од оние 250 милиони евра кои оваа Влада ги намени за развој на општините. Арно ама, вашиов градоначалник Рамиз Мерко наместо да си аплицира уредно за проекти имаше многу побитни работи, како што беше да си обезбеди 67 000 евра за Ауди, да си прави се и сешто, па дури и да стигне до црната листа на САД“, вели Петкоска.

Најнови вести од Македонија

To top