На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски кој наведе дека потегот на Владата за зголемен буџет во 2025 година е за поздравување затоа што сето тоа ќе доведе до поголема безбедност и мир на граѓаните, состојба која што е потребна за да има успешно функционирање на државата.
-Сметам дека по иницијатива на новиот министер за внатрешни работи, треба конечно полицијата да ги врши работите за кои е задолжена. Да се грижи за јавната безбедност и мирот на граѓаните, да се грижи да работи во насока на спречување на криминалот, а не да биде иницијатор, односно директен учесник во нелегални активности, вели Проданоски.
Тој посочи и дека со сето ова што се предвидува во буџетот, конечно ќе се тргне по вистинскиот пат со што сите работи ќе се извршуваат регуларно и транспарентно, со зголемено ниво на безбедност во сите градови во државата.
-238% зголемен буџет во полицијата е бројка за поздравување и сметам дека со вакви едни средства и добивање на оперативни технички средства, кои ги користи полицијата ќе имаме навистина зголемена безбедност, а посебно и мојот град од каде што доаѓам, рече Проданоски.