Натпреварот во Скопје заврши со 67-72 за Литванците, а поразот го анализираше селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Јовчевски.
„Се боревме, лошо отворивме, игравме под некој притисок. Противникот влезе со машка игра, која судиите ја дозволија, што беше многу чудно. Ситуации што беа на линија на груба игра не ги сакционираа. Тоа беше критериум, го разбирам тоа и ние требаше соодветно да одговориме. Кога сфативме како треба да играме, имавме подобри моменти, ја намаливме разликата, меѓутоа тоа не беше доволно за успех. Исто така, го променивме начинот на одбрана, што се покажа како правилен потег.
Верувам дека тој тип на игра да беше во текот на целиот натпревар резултатот ќе беше многу пополовен, Ќе го анализираме натпреварот и сигурно дека ќе извлечеме поуки од овој пораз“, рече селекторот.
За три дена Македонија ќе има шанса да и се реваншира на Литванија, а за овој дуел се очекува во тимот да бидат Димитријевиќ и Хап, кој вечерва оправдано беа отсутни.