Македонија македонија

Бојковска: Со буџетот за 2025 се предвидува милијарда денари за вложување во опрема и машини и вложување во јавната безбедност

Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на Комисијата за финансирање и буџет, истакна дека до сега не било доволно вложувано за опрема и машини, како и за јавната безбедност во МВР.

„Дали цените дека со претходниот буџет којшто сте го имале, сте вложиле доволно за вложување во опрема и машини и јавната безбедност, бидејќи секој втор граѓанин по анализите и по мерење на истражувања на мислење на граѓаните, кажува дека граѓаните не се чувствуваат безбедно’’, нагласи Бојковска.

Пратеничката говорејќи за Предлог-буџетот за 2025 истакна дека конкретно за оваа ставка за вложувањата, во Буџетот се предвидува зголемување од 167% или над милијарда денари.

„Ценам дека треба нашата тенденција да се сведе кон што е можно поголеми вложувања во овој сектор. Особено кога се работи за безбедноста на граѓаните и особено кога се работи во вложување на капацитетите во МВР и оваа тендеција треба да продолжи’’, заклучи таа.

Најнови вести од Македонија

To top