Кошарка

Мекиќ: Мораме да веруваме во позитивен резултат,

Мекиќ: Мораме да веруваме во позитивен резултат,

Македонската машка кошаркарска репрезентација ја очекуваат два тешки натпревари против Литванија во квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Ние не можеме да сметаме да доста важни играчи поради различни причини, па така ќе ги немаме на располагање Ти-Џеј Шортс, Итан Хап, Андреј Јакимовски, но и Ненад Димитријевиќ за првата средба во Скопје закажана за денес од 18 часот во СРЦ „Кале“.

Литванците се апсолутни фаворити, но Адем Мекиќ се надева дека тие како група ќе имаат свој ден и ќе дојдат до голем резултат.

-Литванија е една од најсилните репрезентации во светот, а дуелите со неа се од исклучително значење за нас. Имавме успех на гостувањето во Полска, ќе мораме сите да бидеме на висина на задачата, да дадеме 200% од нашите можности, и да се обидеме да изненадиме барем на домашен терен. Како репрезентација, мораме да бидеме агресивни, секако дека го респектираме противникот, но не треба да се повлечеме. Мораме да веруваме во позитивен резултат, -порача Мекиќ.

To top