Ракометарите на Еурофарм Пелистер го освоија и четвртиот бод во Лигата на шампионите, играјќи нерешено против Фредериција 29-29.
Ова беше деби за новиот тренер Раул Алонсо во Лигата на шампионите, кој по средбата истакна дека е горд на екипата за борбата на теренот.
„Беше ова за мене посебен меч. Имавме многу кратко време да се подготвиме. Воодушевен сум од атмосферата, од пречекот на навивачите, и горд сум на борбата на играчите на теренот. Не се откажавме, се боревме цело време, и бркавме негатива. Во првиот дел не бевме добри, но во вториот дел знавме дека можеме да се вратиме со помош на публиката. Имавме шанси и да победиме, но бодот на крај е добар за нас. Се надевам само дека во идниот период ќе немаме проблеми со повреди“, рече Алонсо.