Останати спортови

Бронза за Мила Рељиќ на Г1-турнир во Загреб

Бронза за Мила Рељиќ на Г1-турнир во Загреб

Македонската олимпијка во таеквондо и членка на ТК Тигри, Милијана Рељиќ, викендов во Загреб постигна голем успех закитувајќи се со бронзен медал.

Со овој успех, таа веќе почна со собирање поени за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Лос Анџелес (САД) во 2028 година.

На големиот меѓународен турнир од светската серија на Г1-турнири, Рељиќ поради доброто рангирање беше слободна во првото коло, а во второто ја победи извонредната Американка Хлое Чуа со 2-0 во рунди.

Во борбата за медал, во нерешена борба и со одлука на судиите, Рељиќ ја победи и Србинката Надја Савковиќ со 2-1. За тоа дека се работи за квалитетна противничка, говори фактот што во досегашните натпревари Савковиќ оствари три победи над Рељиќ.

Во полуфиналната борба македонската таеквондистка загуби од Арлет Ортиз Бените од Шпанија.

To top