Македонија буџет

Иванов: Со буџетот за 2025 предвидуваме рекордни 830 милиони евра инвестиции во конкретни и реални проекти за сите граѓани

Идната година ќе е година на изведба клучни патни и железнички инфраструктурни проекти, со цел граѓаните да ги почувствуваат придобивките од модернизацијата, а Македонија да се претвори во крстосница на Балканот, потенцира во изјавата Душко Иванов.

Иванов: Со буџетот за 2025 предвидуваме рекордни 830 милиони евра инвестиции во конкретни и реални проекти за сите граѓани

Со новиот буџет за 2025 предвидуваме рекордни 830 милиони евра инвестиции во конкретни и реални проекти за сите граѓани.

Со обезбедените 100 милиони евра во 2024 година и дополнителни 250 милиони евра во 2025 година, во првиот квартал од идната година ќе започнат проекти во над 800 локации низ целата земја
Нови болници, училишта, градинки и спортски сали. Во 2025-та година нема да се збори за промашени траси, не отпочнати автопати, нереализирани ветувања, туку на вестите ќе доминираат почеток на изградби, увиди и завршени проекти, изјави Душко Иванов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Развојните буџетски потпрограми се тие кои даваат слика за обезбедените финансии за реализација на сите капитални проекти, изјави тој и додаде:

„2,8 милијарди денари во нова потпрограма за инфраструктурни проекти во општините. 3,9 милијарди денари повеќе за потпрограмата „Инвестиции во патна инфраструктура“, што претставува раст од 95,1%. Вкупни расходи од 16,3 милијарди денари за Министерството за транспорт, од кои 77,3% ќе бидат наменети за капитални проекти, со зголемување од 6,6 милијарди денари“.

Иванов додаде дека во 2025та започнува и изведбата на автопатите Гостивар–Кичево, Кичево–Охрид, Прилеп–Битола, како и вложување во магистрални и експресни патишта.

-Идната година ќе е година на изведба клучни патни и железнички инфраструктурни проекти, со цел граѓаните да ги почувствуваат придобивките од модернизацијата, а Македонија да се претвори во крстосница на Балканот, потенцира во изјавата Душко Иванов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top