Милан се соочува со големи проблеми со повредени фудбалери, а тренерот Пиоли конечно доби добри вести.
Имено, за мечот со Фросиноне овој викенд ќе се врати Исмаил Бенасер, кој седум месеци беше надвор од терените поради повреда.
Бенасер е целосно опоравен и се очекува да биде на клупата за резерви. Тоа е одлична вест за Пиоли бидејќи Алжирецот е еден од најважните фудбалери во тимот.