Економија буџет

Тушевска: Буџетот за 2025 вклучува директна финансиска поддршка и има стратешка насока за создавање средина која ќе ги задржи младите луѓе во Македонија

Тушевска посочи дека целта на овој буџет е да поттикне економски развој да обезбеди фискална стабилност и да поддржи подобрување на животниот стандард.

Тушевска: Буџетот за 2025 вклучува директна финансиска поддршка и има стратешка насока за создавање средина која ќе ги задржи младите луѓе во Македонија

„Денес продолжува расправата за буџетот на Република Македонија за 2025 година. Буџет кој морам да истакнам дека е развоен, реален и остварлив. Буџет кој е ориентиран кон граѓаните со цел подобрување на квалитетот на животот преку поддршка на економскиот раст и социјалната стабилност. Главниот акцент е ставен на капитални инвестиции во инфраструктурата, образованието и здравството се со цел подобрување на јавните услуги и стимулирање на економскиот раст“ истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јулија Тушевска на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

Тушевска посочи дека целта на овој буџет е да поттикне економски развој да обезбеди фискална стабилност и да поддржи подобрување на животниот стандард.

„Предлог-буџетот за 2025 година Македонија е еден од најамбициозните досега, со планирани вкупни приходи од 6,5 милијарди евра, што претставува зголемување од 13% во однос на претходната година. Оваа зголемена сума има за цел да ги адресира клучните приоритети како што се подобрување на образованието, зајакнување на социјалната заштита, инвестирање во здравствениот систем, како и справување со предизвиците на сивата економија“ нагласи Тушевска.

Тушевска додаде дека во предлог буџетот на Македонија за 2025 година секторот образование има значително место и му се дава посебен акцент.

„Образованието е основен столб на секое општество и е клучен фактор за индивидуалниот и колективниот развој.Буџетот за образование е зголемен за 3 милијарди денари, с што се гледа заложбата дека се вложува за квалитетен раст и развој на децата. Со овој буџет министерството за образование ги има еден од највисоките буџети за капитални инвестиции, кој е зголемен за 115 милиони денари во однос на 2024 година. Со тоа се предвидува изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и обезбедување на подобри услови за наставниците и учениците. Нешто што беше подзаборавено во изминатите 7 години“ истакна Тушевска и додаде:

„Предвидено е зголемување на платите на наставниците и вработените во образовните институции што е дел од пошироката политика за подобрување на јавниот сектор. Со ова се подобрува стандардот на вработените и зајакнување на квалитетот на овие услуги. Образовните работници ќе добијат покачување на мартовската плата со 7%“ потенцира Тушевска.

Тушевска нагласи дека Буџетот за 2025 година не само што вклучува директна финансиска поддршка туку има и стратешка насока за создавање средина која ќе ги задржи младите луѓе во земјава.

„Преку директните програми за млади за отпочнување на сопствени бизниси, капитални инвестиции во образованието, младите ќе добијат можности за квалитетно образование, стабилно вработување и перспектива за развој во својата татковина“ истакна Тушевска.

Најнови вести од Економија

To top