Шпанскиот ракометен стратег Раул Алонсо денес официјално беше претставен пред јавноста и медиумите како нов тренер на Еурофарм Пелистер.
45-годишникот од Мадрид потпиша договор на една и пол година и веќе го одработи првиот тренинг.
Шпанскиот стручњак во Битола дојде откако до минатата сезона работеше во бундеслигашот Ерланген во сезоната 2022/23.
Поранешното лево крило кое цела професионална кариера ја мина во Обренбург работи како тренер од 2006 година. Уште тогаш го водеше тимот во кој се прослави, а потоа беше тренер на Рајн Мен Бинем.
Кариерата го водеше да биде помошник во стручниот штаб на Кил, имаше и ангажман во репрезентацијата на Германија, па во 2015 година замина во австриски Тирол.
Три години подоцна доби повик од големиот Маноло Каденас и една сезона му беше асистент во Мешков Брест.
Потоа и самостојно го водеше тимот со успех во првенството и Лигата на шампионите, а последниот ангажман му беше во Ерланген.