Причината за неговото отсуство сè уште не е официјално објавена, но со сигурност се вели дека тоа е поврзано со раѓањето на неговото второ дете, бидејќи неговата сопруга Наталија треба да се породи.
Покрај Јокиќ, Денвер ќе биде без Арон Гордон, кој исто така нема да настапи на вечерашниот натпревар, а меѓу повредените играчи кои веќе подолго време отсуствуваат се и Дерон Холмс и Влатко Чанкар.
Јокиќ има фантастичен почеток на сезоната, со просек од 29,7 поени, 13,7 скокови и 11,7 асистенции по натпревар.