Останати спортови

Бањаја победи на спринтот, шампионот ќе се решава на трката во Барселоа

Бањаја победи на спринтот, шампионот ќе се решава на трката во Барселоа

Сезоната во Мото ГП носи големи возбудувања до самиот крај на официјалните натпреварувања, па така во последната трка влегуваме со двајца возачи кои имаат големи математики во битката за титулата.

Поточно, на Мартин му е доволно да заврши и деветти на трката во Барселона, без оглед на резултатот кој ќе го оствари Пеко Бањаја.

Италијанецот ќе ја одбрани шампионската титула само ако победи и ако Мартин заврши подолу од деветтото место, па јасно е дека има доста помали шанси за трофејот, иако истите не се невозможни.

Мотоциклизмот е спорт во кој не може ништо да се предвиди пред една трка, а позитивно за Бањаја е тоа што денеска беше најдобар на спринтот, покажувајќи убедливо најдобар ритам на патеката.

To top