Кошарка

Работнички победи во Кавадарци, МКК Куманово триумфираше против Феникс 2010

Работнички победи во Кавадарци, МКК Куманово триумфираше против Феникс 2010

Кошаркарскиот клуб Работничи водеше во голем дел од мечот, но одлуката падна во последната минута, за конечни 85:81 против кошаркарите на Тиквеш во седмото коло од Првата македонска „МТЕЛ“ лига.

Најзаслужен за победата на Работнички беше Полутак со 20 поени, 12 скокови и пет асистенции, а кај поразените Пантелиќ реализираше 23 коша.

Трета победа за МКК Куманово од почетокот на новата натпреварувачка сезона. Беа подобри од Феникс 2010, избраниците на тренерот Марин Докузовски.

Радукиќ во редовите на МКК Куманово имаше 16 поени и дури 18 скокови. „Дабл-дабл“ беше и ефектот на Луковиќ изразен со 17 поени и 12 скокови. Тадиќ заврши со 20, а Волер додаде уште 10 поени.

Во гостинската екипа, за која ова е шести пораз во седум одиграни натпревари, по 13 реализирани поени имаа Митревски и Тимоти.

ПРВА „МТЕЛ“ ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 7. КОЛО

МКК Куманово – Феникс 2010 73:66
Тиквеш Голден Игл – Работнички 81:85
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 79:110

17.НОЕМВРИ (НЕДЕЛА)

17.00: Гостивар – Кожув
18.00: ТФТ – Чаир 2030
18.30: Пелистер – Шкупи

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 12 бодови, ТФТ 12 (-1), Работнички 12, Чаир 2030 11 (-1), Пелистер 11 (-1), МКК Куманово 10, Кожув 9 (-1), Тиквеш Голден Игл 9, Гостивар 8 (-1), Шкупи 8 (-1), Феникс 2010 8, Вардар 7.

To top