Фудбалските репрезентации на Холандија и Унгарија се борат за плеј-офот од Лигата на нации А на УЕФА, а почетокот на мечот донесе ужасни сцени.
Според информациите му се слоши на легендата на унгарскиот фудбал, Адам Салаи, член на стручниот штаб во унгарската репрезентација, по што играта беше прекината, и требаше да се пружи помош.
Според шпанскиот медиум Марка, Унгарецот колабираше на стадионот во Амстердам.
Сите искрено се надеваат дека сѐ ќе биде во ред со Салаи, а за сцените од арената Јохан Кројф доволно говорат фотографиите на капитенот Доминик Шобошлаи.
Како што е наведено на страницата на унгарската федерација, станува збор за Адам Салаи, кој сега е во стабилна состојба и хоспитализиран.