Оваа година, победата отиде во рацете на преслаткиот Андрија Путкараџе од Грузија, чија песна „To My Mom“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 17 земји-учеснички. На втората позиција се најде Португалија, а на третата позиција – Украина.
Ова е четврта победа на Грузија на ова музичко натпреварување. Тие победија и во 2008, 2011 и 2016 година.
Македонските претставници Алексеј Ивановски и Ана Ванчевска имаа одличен настап, но нивната песна „Marathon“ заврши на 16. место со 54 поени.