Познати Тага во музичкиот свет

Почина фронтменот на легендарниот бенд „The Pogues“, веднаш се огласи неговата сопруга

Постигна успех во 1980-тите со низа албуми и нивниот иконски божиќен хит „Fairytale of New York“

Почина фронтменот на легендарниот бенд „The Pogues“, веднаш се огласи неговата сопруга

Фронтменот на ирската група „The Pogues“ почина на 65-годишна возраст.

-Шејн секогаш ќе биде љубовта на мојот живот и светлината што ќе ја чувам пред себе, изјавила неговата сопруга Викторија, пренесува Sky News.

Ирскиот музичар претходните години имаше здравствени проблеми.

Шејн Мекгован е најпознат како фронтмен на познатиот панк бенд „The Pogues“, кој постигна успех во 1980-тите со низа албуми и нивниот иконски божиќен хит „Fairytale of New York“.

Настапувал со музичари како Кирсти Мекол, Шинејд О’Конор и Ник Кејв.

To top