Свет Мир на повидок?

Лавров: Москва со нетрпение го чека предлогот на Трамп за мир во Украина

„Не можам да замислам како Трамп ќе ја реши кризата, но да ги почекаме неговите предлози. Повеќе пати нагласивме дека секој политичар кој вели дека е за мир, а не за војна заслужува внимание“, рече Лавров, пренесува Тасс.

Лавров: Москва со нетрпение го чека предлогот на Трамп за мир во Украина

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека не знае како новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, има намера да ја реши кризата во Украина, но во Москва со нетрпение чекаат да го слушнат неговиот предлог. .

„Не можам да замислам како Трамп ќе ја реши кризата, но да ги почекаме неговите предлози. Повеќе пати нагласивме дека секој политичар кој вели дека е за мир, а не за војна заслужува внимание“, рече Лавров, пренесува Тасс.

Тој нагласи дека во овој момент не знаат што ќе биде предложено, а дека ставот на Русија јасно бил формулиран од претседателот Владимир Путин на 14 јуни годинава.

Трамп многу пати за време на неговата кампања кажа дека штом ќе стане претседател на САД, веднаш ќе ги прекине војните во Украина и во Газа.

To top