Ракомет

Дика Мем поради операција на рамото го пропушта СП

Дика Мем поради операција на рамото го пропушта СП

Француските ракометари пред светскиот шампионатот ќе бидат без својот капитен Дика Мем кој во првенствен меч за својата Барселона доживеа повреда на рамото.

Мем ќе мора да оди на операција по оваа повреда, по која ќе мора да паузира најмалку три месец. Поради тежината на повредата одличниот бек и дефинитивно ќе мора да го пропушти Светското првенство овој јануари.

Французите веќе останаа и без  Елохим Пранди кој исто така поради повреда ќе мора да го пропушти шампионатот овој јануари. Франција е еден од потенцијалните ривали на Македонија на првенството во втората фаза.

To top