Општина Ѓорче Петров го започнува најголемиот инвестициски циклус досега, со едногласно усвоени измени и нови развојни програми. Оваа иницијатива носи значајни капитални проекти кои ќе овозможат модернизација, урбан развој и подобар живот за сите граѓани.
Клучни проекти кои ќе бидат реализирани:
• Изградба на три нови градинки во Дексион, Александрија и Ново Село, додека изградбата на градинката во Стопански Двор веќе е во тек.
• Подготовка на основен проект за ново општинско училиште во СЗ 16, Александрија.
• Реконструкција и надградба на основните училишта „Јоаким Крчовски“ во Волково и „Страшо Пинџур“ во Даме Груев.
• Изградба на спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром и реконструкција на салата „Христо Батанџиев“ во Ново Село.
• Развој на спортски комплекс во Ново Село и нов еко парк во СЗ 20.
• Реконструкција и доградба на Домот на културата „Ѓорче Петров“.
• Завршна фаза на реконструкција на улицата Радушка и изградба на пешачка патека со осветлување од Волково до село Орман.
• Нови улици, канализациони и водоводни мрежи, како и монтажна катна гаража во реонскиот центар.
Овие проекти ќе придонесат за современ изглед на општината, урбан развој и значајни подобрувања во секојдневниот живот на жителите.
Ѓорче Петров станува модерна, урбана и развиена општина!