Македонската репрезентација во традиционално карате се пласира на трето место во генералниот пласман на СК за деца во Лима, Перу.
Пред нас на табелата се само домаќинот Перу и Бразил кои беа најбројни на светскиот куп за деца. За потсетување, Камелија Недев, Софија Јарчевска и Филип Недев освоија вкупно шест медали, 3 златни, 2 сребрени и 1 бронзен медал, потенцираа во соопштението од МТКФ.
Дејан Недев го освои четвртото место во кати за сениори на светскиот шампионат во Лима, Перу, соопшти МТКФ.