Претседателката на ЖРК Скопје, Валентина Радуловиќ која беше на клупата на срамниот меч против ЖРК Гевгелија, се соочи со две годишна суспензија во ракометот. Според изјавата за 24 ракомет, таа не барала од ракометарките намерно да го загубат мечот.
„Ја добив одлуката на РФМ за казната. Седев на клупата и бев официјално лице, но во ниту еден момент не побарав, ниту влијаев на ракометарките да играат или да се однесуваат онака на теренот како што тие играа“, вели поранешната македонска репрезентативка.
„Чудно е што РФМ ги закажа сега овие натпревари од Купот, наместо на пролет. Тие беа известени дека не сакаме доброволно да играме во Купот бидејќи сме нов клуб и немаме спонзори, а ниту помош од државата како другите клубови“