Во оваа акција за збогатување и обновување на шумскиот фонд, засадени се 11 000 садници од видот багрем, а учествуваа голем број граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација како и општествено одговорни компании. Целта е да се обнови шумата и заеднички да ја подигнеме еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки ќе ги чувствуваме сите ние но и генерации по нас.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на акцијата и истакна дека обврска на секој од нас е активно да се грижи во подобрување на еколошката свест, со цел да допринесеме да имаме чист воздух и здрава животна средина, такашто во таа насока ваквите еколошки акции ќе продолжат и во иднина да се реализираат.
Градоначалникот Георгиевски упати и голема благодарност до општествено одговорните компании Џонсон Мети, Хавеп Импекс, Пекабеско, Еко Дани Трејд и Тримил Р, МАН, СИГО, Фреш фарм и Рио кафе, кои ја покажаа грижата за екологијата преку донирање на овие садници.
Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.