Пред натпреварот со Летонија освен селекторот Милевски зборуваше и голманот Столе Димитриевски. Тој посочи дека целта е првото место и сака чиста мрежа.
„Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста мрежа, ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за утрешниот меч. Не чувствуваме притисок. На секој меч се борам да не примам гол. Најважно е да победиме и да останеме на првото место. Тоа беше нашата цел и пред оваа Лига нации, тоа е нашата цел и за овие два последни натпревари“, изјави Димитриевски.
Македонија на „Тодор Проески“ ќе се судри прво со Летонците в четврток од 20:45, а в недела во пладневен термин игра против Фараните.