Свет Германија

Зедер до Шолц: Ја турнавте земјата во ќорсокак, половина свет ни се смее

-Не е важно твоето его, туку благосостојбата на луѓето, истакна Зедер.

Зедер до Шолц: Ја турнавте земјата во ќорсокак, половина свет ни се смее

Премиерот на Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Маркус Зедер, денеска го обвини германскиот канцелар Олаф Шолц (СПД) дека со својата политика ја турнал земјата во ќорсокак.

-Тоа е целосно отсуство на реалноста. Ниту една влада не ја подели земјата подлабоко од сегашната, наведе Зедер во Бундестагот.

Според него падот на владејачката коалиција минатата недела не е нималку достоинствен и половина земја се срами од тоа, а половина свет се смее. Зедер упати уште една критика кон Шолц.

-Не е важно твоето его, туку благосостојбата на луѓето, истакна Зедер.

Лидерот на ЦСУ оцени и дека ќе биде тешка задача да се изведе Германија од кризата.

Во германскиот Парламент денеска се одржа дебата на која лидерите на водечките партии му се обратија на канцеларот Шолц, по распишувањето на предвремени парламентарни избори. (МИА)

To top