Во рамки на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“ финансиран од Европската Унија, почнувајќи од денес се реализира четиридневна едукација на здравствени работници.
-Во посета на Македонија е д-р Власта Мерц, едукатор од Хрватска, болнички координатор за трансплантација. 60 здравствени работници од различни профили се вклучени во оваа четиридневна работилница, меѓу кои специјалисти, специјализанти,медицински сестри, болничари и тн.
Оваа едукација има цел продлабочување на знаењата во рамки на континуираната медицинска едукација во областа на трансплантација и раководење на процесите за трансплантација, посочи проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.
Овие едукации продолжуваат и во декември, додека во јануари согласно планот предвидено е во Македонија да присуствува предавач од Словенија.