Останати спортови

Карлос Алкарас тешко дишел и веднаш морал да си замине од тренингот

Карлос Алкарас тешко дишел и веднаш морал да си замине од тренингот

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас издржа само пет минути на денешниот тренинг. Алкарас се појавил на теренот во Торино за да го одржи тренингот, но само по пет минути се соочил со здравствени проболеми и тренингот бил прекинат.

Шпанецот веднаш седнал на клупата, а околу него се собрал целиот негов тим. Тенисерот се пожалил на проблеми со дишењето, а имал и болки во градите.

Алкарас се поздравил со својот спаринг-партнер Мартин и со наведната глава си заминал. Тренерот на Алкарас, Хуан Карлос Фереро, објаснил што се случило и која е причината за прекинатиот тренинг.

„Се пожали дека тешко дише и дека го стегаат градите. Мислам дека нема да биде толку сериозно за утре да не може да настапи“, рече Фереро, кој додаде дека Карлос во последните четири дена бил болен и користел антибиотик.

To top