Кошарка

Демјан Лилард добил потрес на мозокот

Демјан Лилард добил потрес на мозокот

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Демијан Лилард имал потрес на мозокот.

Лилард оваа сезона во просек бележи 26 поени, со 6,6 скокови и 4,6 асистенции.Милвоки Бакс веќе играат без Крис Мидлтон, кој оваа сезона не настапува поради операција на двата глужда.

Натпреварот меѓу Милвоки и Торонто е дуел на најлошите екипи оваа сезона бидејќи Бакс имаат две победи и осум порази, додека Репторс имаат две победи и девет порази, а загубија четири последователни натпревари.

Тимот на Милвоки бакс навистина минува низ тешки моменти, составот со Јанис Адетокумбо, Демијан Лилард и Крис Мидлтон беше проектиран за врвот на Источната конференција, но не ја започна сезоната во НБА-лигата како што се очекуваше.

To top