Фудбалерот на Јувентус Хуан Кабал ги скина вкрстените лигаменти на коленото на тренингот на репрезентацијата на Колумбија.
Претходно истата судбина ја доживеа клучниот стопер Бремер кој со тешката повреда се здоби пред еден месец на мечот со РБ Лајпциг во ЛШ и исто така ќе отсуствува до крајот на сезоната.
Кабал ова лето во Јувентус пристигна од Верона за 12,8 милиони евра. Тој е еден од најперспективните дефанзивци во Серија А а оваа сезона забележа девет настапи и една асистенција за торинскиот клуб.