Третиот пораз во низа значително ги намалува шансите за пласман во следната фаза на АБА2 лигата, но тимот на Пелистер се уште има математики и мотив за игра, без разлика на вториот неуспех со тимот на Џокер.
Откако пред две недели загуби на домашен терен, македонскиот претставник денеска беше неуспешен и на гостувањето во Сомбор, пред се поради очајниот влез во вториот дел.
Битолчани одиграа ужасна трета четвртина во која постигнаа само девет поени, а домаќинот направи огромна разлика во овој период и практично ја обезбеди победата.
Џокер направи речиси 20 поени разлика само во овие десет минути (27:9) и си го трасираше патот до победата, која на крајот беше изразена со резултат 93:84.