Македонија Апел

Македонскиот готвач Антонио минува низ пекол: Болеста го направи „коски и кожа“ – му треба наша помош!

Македонскиот готвач Антонио минува низ пекол: Болеста го направи „коски и кожа“ – му треба наша помош!

Поранешниот водител на кулинарско шоу, Антонио Јанковски, минува низ пекол.

Борбата со ракот и пневмонијата го истошти во целост. Тој на својот Фејсбук профил објави нови фотографии и покажа како болеста делувала на него. Тој буквално е направен „коски и кожа“.

„Ова е резултатот кога канцерот и пневмонијата ќе се спојат, само коските остануваат. Во овие месец дена скоро повторно загубив килажа од што само ме шетаат од еден до друг доктор. Секој со свое мислење, а јас пропаѓам, веќе едвај дишам додека некој одлучи што со мене.“

Facebook/Antonio Jankovski

„Ако сте во можност, замолувам за некоја мала донација, зашто утрово отиде сè она што малку имав, а немам ни како да завршам сè што треба, па тоа е тоа. Ќе трпам додека оди, немам друг избор освен да молам вака со надеж дека ќе има хумани луѓе. Благодарам“ – напиша тој.

 

АПЕЛ ЗА ПОМОШ

Итна потреба од средства.

Мојата животна приказна во последно време.

Имам рак на црниот дроб и добив лоша инфекција на моите бели дробови која предизвика нивно оштетување. Не знам кое е полошо од двете. Во меѓувреме моите финансиски средства се потрошени до точка на гладување и ја изгубив целата моја тежина и не можам да работам, па морав да се откажам од болничкиот престој, затоа што не можам да си дозволам да плаќам за лекувањето и лекарствата кои ми се потребни…

Сметките се трупаат и сега мојата опција е да страдам и да се борам за воздух надвор од болницата, без грижата која ми е потребна и со кислородна поддршка. Сам на себе е пеколно тешко, па ако можете, ве молам да ми дадете мала поддршка за да бидам подобар. Навистина сакам да живеам и да уживам во животот како сите вас.

 

Facebook/Antonio Jankovski

Можете да донирате и ТУКА

Најнови вести од Македонија

To top