Не станува за официјален амбер алерт, туку за фотографија и информации поврзани со 14-годишната, чија трага се загуби во понеделникот наутро во центарот на Скопје.
Споделени се сите информации, околу личниот опис на девојчето, облеката што ја носела на денот на исчезнувањето, како и официјалното соопштение од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Паралелно, заедно со информациите, споделена и фотографија.
„Насмевката на детето“ е најголемата и единствената непрофитна организација за заштита и помош на децата во Грција, а меѓу активностите е и Амбер Алерт Грција за исчезнати деца, како и националната линија СОС за помош.