Свет Гутереш:

2024 е година на екстремно високо ниво на уништување на природната средина

Тој предупреди дека ниту една земја не е поштедена од урагани, жештини, поплави, суши и други климатски катастрофи предизвикани од човечкиот фактор.

2024 е година на екстремно високо ниво на уништување на природната средина

Уништувањето на природната средина достигна екстремно високи вредности оваа година, часовникот отчукува, а најголемите загадувачи треба да го сносат најголемиот дел од финансискиот товар за решавање на проблемот, а договорот е императив, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на Самитот за климатски промени КОП29 во Баку.

Тој предупреди дека ниту една земја не е поштедена од урагани, жештини, поплави, суши и други климатски катастрофи предизвикани од човечкиот фактор.

– Ова е приказна за неправдата која може да се избегне. Богатите прават проблеми, сиромашните плаќаат највисока цена, посочи Гутереш.

Тој, исто така, предупреди дека економиите во светот ќе се соочат со уште поголема криза доколку не се намалат емисиите на штетни гасови и ако не е соодветно приспособувањето кон климатските промени.

To top