Јавни личности и експерти од земјава и од регионот ќе дебатираат за згодите и незгодите во родителската кариера
„Tе сакам до небото и назад!“ А каде е границата? Дали таа постои? Што е мит, а што вистина во родителството и дали постои рецепт за совршен родител? Родителството е посебна животна улога која носи голема одговорност и која подразбира безусловна љубов, силна грижа, огромна храброст и безброј компромиси. Разбирајќи ги потребите на модерните текови и предизвици на современото родителство, Becutan со особено задоволство го организира овој несекојдневен настан, во чиј фокус е грижата за секое дете уште од првиот ден на раѓањето.
Сопствените примери и искуства низ непосредни тематски панел-дискусии ќе ги изнесат: Тарик Филиповиќ, Петар Бенчина, СашкоКоцев, Сања Кужет,Лејла Филиповиќ,Мирна Медаковиќ-Степинац и Жарко Димитриоски.
Научните аргументи,пак, ќе ги застапуваат д-р Натко Бек, прим. д-р Марина Поп-Лазарова, прим. д-р Ирена Бралиќ, д-р Горан Вукомановиќ, прим. д-р Амра Јунузовиќ-Каљиќи дипл. педагог Јелена Холцер.
Конференцијата е посветена на сите деликатни теми и важни предизвици со кои се соочуваат родителите денес и е достапна за сите заинтересирани од пошироката јавност.