Свет

Украина евакуира уште десет села во регионот Харков

Слични наредби беа издадени претходно за населбите лоцирани посеверно, во регионот на Купјанск.

Украина евакуира уште десет села во регионот Харков

Наредена е задолжителна евакуација за уште 10 села во областа Харков во источна Украина поради напредувањето на руските војници, соопшти денеска гувернерот Олег Синехубов, јави ДПА.

Гувернерот за украинска телевизија објасни дека непријателот постојано ги гранатира цивилните населби во погодените области околу селото Борова на источниот брег на реката Оскил.

Слични наредби беа издадени претходно за населбите лоцирани посеверно, во регионот на Купјанск.

Од 10 септември досега се евакуирани околу 6.500 луѓе, меѓу кои и околу 500 малолетници. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top