Свет лабуристичката влада ги отфрли приговорите

Дозволена четиридневна работна недела во Велика Британија

Министерството за домување, заедници и локална самоуправа соопшти дека секоја општина има право да ја организира работната сила по своја волја.

Дозволена четиридневна работна недела во Велика Британија

Општините во Англија сега имаат право да воведат четиридневна работна недела, откако новата лабуристичка влада ги отфрли приговорите на конзервативците, кои сметаат дека моделот може негативно да влијае на ефикасноста на работата и квалитетот на услугите.

Една 15-месечна студија спроведена во општината Јужен Кембриџшир покажа дека работната ефикасност на вработените во текот на четиридневната работна недела главно се подобрила или останала на исто ниво, додека општината исто така заштедила повеќе од 445.000 евра за една година, пренесе „Гардијан“.

Претседателката на општината Јужен Кембриџшир Бриџит Смит истакна дека резултатите од експериментот биле „позитивни, со подобрувања во многу услуги“, како и дека општината заштедила значителни средства од даночните обврзници и го подобрила вработувањето и задржувањето на работната сила, а истовремено го подобрила здравјето.

Министерството за домување, заедници и локална самоуправа соопшти дека секоја општина има право да ја организира работната сила по своја волја.

„Транспорт фор Лондон“ (ТфЛ), исто така, планира од следната недела да воведе четиридневна работна недела за возачите на метро.

Најнови вести од Свет

To top