Милан е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Ѓулер, пренесуваат италијанските медиуми.
Неколку европски гиганти беа силно заинтересирани за „турскиот Меси“ ова лето, но Реал се одлучи да го задржи во своите редови.
Ѓулер минатата сезона, но и на Европското првенство покажа дека е еден од најголемите европски таленти во моментов.
Меѓутоа, во Реал не добива многу шанса па е спремен да ја промени средината, а Милан сака да ја искористи таа шанса.
„Росонерите“ спремаат понуда за Арда Ѓулер, така што Реал ќе има бај-бек клаузула и може да го врати во следните три години.