Фудбал

Футсал репрезентацијата со минимален пораз од Црна Гора

Футсал репрезентацијата со минимален пораз од Црна Гора

Македонската футсал репрезентација е поразена на пријателскиот натпревар против Црна Гора, одигран денеска во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ со 2-3.

И покрај тоа што имаа предност, сепак на крајот го загубија натпреварот. Македонија поведе во во 7. минута од средбата со 1-0, резултат кој беше активен на полувремето.

Сепак, Црногорците со три гола во вториот дел стигнаа до предност од 1-3, а потоа избраниците на Васко Скендеровски само успеаја да намалат и да го ублажат поразот.

To top