Германскиот канцелар Олаф Шолц го именуваше Јерг Кукиес, неговиот поранешен економски советник, за наследник на разрешениот министер за финансии, Кристијан Линднер од Слободната демократска партија (ФДП), дознава ДПА.
Шолц вчера го разреши Кристијан Линднер, кој беше министер за финансии, а набргу потоа Линднер, шефот на про-бизнис Слободните демократи, ФДП ги повлече сите свои министри од владата, со што фактички стави крај на владината тристрана коалиција.
Шолц потоа повика на гласање за доверба на 15 јануари што може да предизвика предвремени избори.