Свет „климатски колапс“

Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени

По десет месеци, 2024 година речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5 степени над прединдустриските нивоа, рече директорката на агенцијата, Саманта Бургес.

Просечната температура во 2024 година ќе го надмине прагот од 1,5 степени

Оваа година ќе биде најтоплата во историјата и прва во која просечната температура била за повеќе од 1,5 степени потопла од просечната температура во прединдустрискиот период, објавија европските научници.

Агенцијата на ЕУ „Коперник“ проценува дека просечната глобална температура во 2024 година би можела да биде за 1,55 степени повисока од прединдустрискиот просек, во споредба со 1,48 степени во 2023 година. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш веќе зборуваше за „климатски колапс“.

-По десет месеци, 2024 година речиси сигурно дека ќе биде најтоплата досега и прва со температури над 1,5 степени над прединдустриските нивоа, рече директорката на агенцијата, Саманта Бургес.

КОП29 (COP29) започнува в понеделник во Баку, Азербејџан.

На климатската конференција во Париз во 2015 година, земјите се согласија да го ограничат глобалното затоплување под два степени и идеално на 1,5 степени Целзиусови.

To top