Селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски го објави списокот на ракометарки за кои ќе смета на Европското првенство кое од 28 ноември до 15 декември ќе се одржи во три држави-Австрија, Унгарија и Швајцарија.
На списокот се најдоа 21 ракометарка која пред настапот на шампионатот ќе одработи и подготовки, па ќе настапи и на „Кроација Куп“ во Пореч.
Првиот собир е закажан за 18 ноември во 08 часот во спортската сала при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје.
Само за потсетување нашата селекција е во група со Шведска, Унгарија и Турција, натпреварите ќе се играат во Дебрецен.