Познатиот тениски тренер, Патрик Муратоглу предложува сериозни промени за тенисот да биде поинтересен за помладата популација.
Според него, не е доволно тоа што играчите ќе можат да се консултираат со своите тренери за време на натпреварите од 1. јануари, тој смета дека играта треба да биде побрза и поинтересна.
Муратоглу се жали дека публиката има можност да гледа голем број асови и практично мора да чека од 25 до 30 секунди помеѓу секој поен. Оттука има предлог како да се смени.
„Треба да имаме само еден сервис! Затоа што во спротивно, со квалитетот на серверот сега, имаме премногу асови и сервис винери, а тоа е досадно за публиката. Имате втор сервис, а потоа луѓето чекаат 25 до 30 секунди, тоа не помага“, вели Муратоглу.