Кошарка

Трајчевска: Украина и Португалија се фаворити, но навиканти сме на тоа

Трајчевска: Украина и Португалија се фаворити, но навиканти сме на тоа

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија го одработуваат и вториот ден од подготовките за она што следува во текот на оваа седмица, а тоа се квалификациските средби за пласман на ЕП во 2025 година.

Една од најискусните кошаркарки во нашата женска национална селекција Нена Трајчевска ги пренесува своите очекувања во пресрет на дуелите со Украина и Португалија.

„После цела година, убаво чувство е повторно да се собереме дома со овие девојки. Уште поубаво што и двата натпревари ги играме на домашен терен. Немаме многу време за подготовки. Украина и Португалија се комплетни тимови и доаѓаат во Скопје со полн состав и да победат.

Нема да е лесно, ја имаат фаворитската улога, но, ние сме навикнати на тоа, нема да ни пречи. Како и секогаш, очекувам да имаме позитивна атмосфера, карактер и менталитет за борба, од првата до последната минута на двата натпревари“, истакнува Трајчевска.

Прво сме домаќини на репрезентацијата на Украина, во натпревар закажан за седми ноември во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (влезот е бесплатен), а потоа, односно три дена подоцна, ќе ја нагостиме и репрезентацијата на Португалија.

To top