Претседателските избори во САД се во тек, а Бијонсе го искористи своето влијание на мрежите за да покани што повеќе луѓе да гласаат.
Не е тајна дека Бијонсе е поддржувач на демократската претседателска кандидатка Камала Харис, која ја поддржа со своето гостување на политички митинг во Тексас.
Сега тоа го направи преку социјалните мрежи – но на атрактивен начин…
Поп-дивата пред само неколку часа објави компилација од атрактивни фотографии на Инстаграм, но и видео запис за нова песна, каде меѓу другото повикува на гласање.
View this post on Instagram
За потребите на видеото таа го искористи имиџот на сексапилната Памела Андерсон. Освен платинестата руса коса – заштитен знак на познатиот секс симбол од деведесетите, фотографиите на кои позира Бијонсе ги истакнуваат нејзините бујни гради и заобленото тело.