Останати спортови

Последната трка во МОТО ГП ќе се вози во Барселона!

Последната трка во МОТО ГП ќе се вози во Барселона!

Последната трка од овогодинешниот МОТО ГП шампионат треба да се одржи на патеката Каталуња, по откажувањето на Големата награда на Валенсија поради поплави во тој регион.

Големото финале ќе се одржи од 15. до 1.7 ноември, но се чека зелено светло од Владата на Каталонија.

Уште кога ја погодија разорните поплави  Валенсија, во кои животот го загубија над 200 луѓе, беше јасно дека не е реално трката да се одржи на патеката „Рикардо Тормо“.

Иако Дорна и Светската мотоциклистичка федерација очигледно сакаа да ја организираат трката во Валенсија и покрај сè, дури кога возачие го кренаа гласот трката беше откажана.

Како опции за големото финале се споменуваа Барселона, Херез, Портимао и Лосаил, но „Каталонија“ беше најлогична можност, и поради логистиката и поради фактот што може да организира официјално тестирање два дена по последната трка.

To top