НБА тимот на Индијана Пејсерси добија нова лоша вест откако по Џејмс Вајзмен кој ја оперираше тетивата, долга пауза го очекува и Ајзеа Џексон.
И за неговата повреда има лоши вести и тој ќе оди на операција и исто така ја заврши сезоната на самиот почеток.
22-годишникот исто така ја повреди тетивата во дуелот против Њу Орлеанс по еден дуел со Инграм. Сезонава Џексон бележеше во просек по седум поени и 5,6 скока.
По информациите за неговото отсуство се очекува Индијана да го разгледа пазарот и да се обиде да доведе замени.