Фудбал

ПМФЛ: Ивановски во финишот му донесе триумф на Пелистер против Вардар

ПМФЛ: Ивановски во финишот му донесе триумф на Пелистер против Вардар

Во последниот натпревар од 13 коло во Првата македонска фудбалска лига екипата на Пелистер со 1:0 славеше против Вардар.

Имаше една одлична атмосфера на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола што ја направија особено навивачките групи „Чкембари“ и „Комити“.

Единствениот гол го видовме во самиот финиш од средбата, поточно во 93 минута кога радост за домашната екипа донесе Ивановски.

На табелата после третата победа сезонава битолски Пелистер е на седмото место со 16 бодови, додека скопските „црвено-црни“ по деветтиот пораз се на последната 12 позиција со осум бодови.

Во следното коло Пелистер на 9 ноември ќе му гостува на Силекс, додека Вардар истиот ден е домаќин на Шкупи.

To top